ВИДЕО | Jaкимовски повторно најдобар во победата на Колорадо, стигна и до 200 тројки во НЦАА-лигата
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски продолжува да прикажува одлични настапи во НЦАА-лигата во дресот на Колорадо бафалос каде што се наметна како еден од лидерите на екипата.
Јакимовски одигра одличен натпревар во победата на Колорадо над Пацифик тајгерс со 75:66. Натпреварот Јакимовски го заврши со 17 постигнати поени, а освен тоа стигна и до јубилејната 200. тројка во НЦАА-лигата.
Од седум обиди за три поени македонскиот кошаркар погоди четири. Освен тоа додаде и уште четири скока и две асистенции за нешто повеќе од половина час на теренот.
that’s 200 career threes for @andrejjaki23 🎯
📺 ESPN+ pic.twitter.com/eXtqw3UkCc
— Colorado Men’s Basketball (@CUBuffsMBB) December 3, 2024