ВИДЕО | Јакимовски: Ќе се отстранат сите азбестни покриви во Карпош

Стевчо Јакимовски
Јакимовски нагласи дека општината ќе го обезбеди целиот потребен материјал за менување на покривите направени од овој канцероген материјал / Фото: Скриншот, Јутјуб

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски најави продолжение на проектот за менување на азбестните покриви на сите објекти во општината.

Јакимовски нагласи дека општината ќе го обезбеди целиот потребен материјал за менување на покривите направени од овој канцероген материјал, а граѓаните ќе имаат обврска да ја платат работната рака за поставувањето на новите покриви.

– Во Општина Карпош ќе продолжиме со проектот замена за азбестните покриви бидејќи истите се канцерогени. Општината ќе го донира комплетниот материјал што е потребен за замена на овие покриви додека граѓаните ќе имаат обврска само да ја платат работната рака. Со овој проект, овој канцероген материјал нема повеќе да го има над главите на нашите граѓани, рече Јакимовски.

Извор: МИА

Видео на денот