ВИДЕО: Јаховиќ со два гола го реши Газиантеп

адис јаховиќ
Адис Јаховиќ се наоѓа во гол форма/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ се наоѓа во добра форма и на последните два натпревари во турската Суперлига се запиша во листата на стрелци.

По голот против Фенербахче со кој на својот тим Гезтепе му донесе бод (1:1), вечерва Јаховиќ ги постигна двата гола во победата над Газиантеп.

Гезтепе славеше со 2:1, а Јаховиќ прво во 39. минута од пенал го отвори резултатот, додека вториот гол го постигна во четвртата минута од продолжението од првото полувреме. Газиантеп во 61 минута преку Нијаз го намали резултатот.

Екипата на Гезтепе по 15 кола има три победи и се наоѓа на 17 место на табелата со 14 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот