ВИДЕО: Ја заврши и романската авантура, што е следно за Бабунски?

Фото: digisport.ro/Sport Pictures

Давид Бабунски (26) потврди дека ќе го напушти романскиот клуб Ботошани во чии редови сега остана само еден Македонец, Стефан Ашковски.

– Моето време во ФК Ботошани заврши. Тоа беше кратко, чудно, предизвикувачко и многу интересно искуство од кое извлеков многу вредни лекции за мојата кариера и живот. Јас сум многу благодарен на овој клуб што ми даде можност да се вратам во европскиот фудбал и на сите мои тренери, физичари, лекари, одговорните лица за дресовите и соиграчите – од кои неколкумина станаа одлични пријатели – за нивната поддршка и напорите да ги одржат работите заедно во текот на глобалната пандемија постојано менувајќи ја текстурата на нашите животи. Ви посакувам многу среќа во остатокот од сезоната – напиша Бабунски на „Инстаграм“.

Минатата сезона во првенството за Ботошани запиша седум настапи, а исто толку и во тековната 2020/2021. Пред да се пресели во Романија, ги бранеше боите на јапонските клубови Јокохама Ф. Маринос и Омија Ардија, во сезоната 2016-2017 настапуваше за Црвена звезда.

Во младинската кариера беше дел од школата на Барселона, а од 2013-2016 воглавно играше за Барселона Б.

Има девет настапи за нашата сениорска репрезентација, а со У21 успеа пред три години да игра на Европското првенство во Полска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Babunski (@davidbabunski)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот