ВИДЕО | Ја изгубиле едногодишната ќерка во морето додека пливале: Благодарение на спасувачите ја пронашле жива и здрава

Бебе
Фото: Unsplash

Вистинската драма се одвивала на плажа во Тунис, кога едно и пол годишно девојче било однесено од силниот ветер на околу километар и половина оддалечено од родителите кои пливале во морето.

Семејството пливало во морето пред градот Келиби во северо – источен Тунис.


Откако сфатиле дека нивната осумнаесетмесечна ќерка завршила во морето, родителите ги алармирале властите, кои повикале на помош. Единиците за цивилна заштита, со помош на волонтери, од кои едниот бил на авион, пронашле дете кое изгледало вознемирено и плачело, но не било повредено. Видеото снимено од возач на џет – скии покажува како човек во вода го држи малечкото девојче кое се спасило благодарение на детската гума за пливање.

Ова не е првпат дете да исчезнува од плажа, а властите веќе наводно ги предупредиле родителите да бидат повнимателни во текот на сезоната.

Минатиот месец, друга девојка беше извлечена од морето, откако морската струја ја повлекла, но за среќа носела заштитен елек кој го спасил нејзиниот живот иако била исцрпена борејќи се со брановите.

Видео на денот