ВИДЕО | Ја изгубила чантата во 1954 година, по 60 години ѝ ја вратиле недопрена!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Порталот „Дали се сеќаваш“, кој е опишан како „најголемата заедница на носталгичари и вљубеници во 40-тите, 50-тите и 60-тите години“, објави приказна која брзо стана вирална.

Имено, во далечната 1954 година, една девојка ја изгубила чантата, а истата била пронајдена шест децении подоцна, речиси недопрена! При рушењето на средното училиште во Индијана, некој ја нашол зад старото шкафче.

Да не биле работите пронајдени во чантата, тешко би било да се процени од кој период и година е изгубена чантата, земајќи ја предвид модата која постојано се враќа.

Меѓутоа, пронајдените предмети во чантата, меѓу кои и личната карта, докажуваат дека се работи за чантата на Мартина од 1954 година.

Покрај личната карта и картичката за социјално осигурување, внатре биле и исечоци од статии во весници, распоред за кошарка во средното училиште Џеферсон од 1953-1954 година, кармин, обвивки за гуми за џвакање „Џуси фруит“, распоред на автобуси и неколку пораки напишани на парчиња хартија.

Личноста која ја пронашла чантата, поставила објава на Фејсбук, а благодарение на технологијата набрзо е вратено во рацете на сопственичката која живее на Флорида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот