ВИДЕО: Извлечени живи 100 лица, поминаа по 17 часа под урнатините, ова се нивните приказни

Неколку часа по силниот земјотрес кој го погоди егејскиот брег на Турција, преживеани беа извлекувани од под урнатините на оштетени згради.

Досега спасувачите извлекоа 100 лица, јавува агенцијата Анадолија.

Нуркан Тосун, е 50-годишен човек од областа Сефирихисар кој беше спасен по 17 часа под урнатините.

Ѓунај Озисик и Ерол Субаш се спасени 9 часа по земјотресот.

Таткото на Озисик го забележал својот син под урнатините кога спасувачите пуштале камери во пукнатините и тогаш и разговарал со него.

Уште една жртва од земјотресот, Бусе Хасјилмаз и нејзиното семејство беа спасени 9 ипол часа по потресот.

60-годишната Емине Ерен беше извлечена по 14 часа поминати под рушевините на својот дом.

По 15 часа дојде помош и за Фадиме Толу, 53. Нејзиниот сосед Ѓулчин Сојдан исто така беше спасен.

Хула Озмет и Инчи Окан исто така беа извлечени живи по 17 часа.

И мачка е меѓу спасените.

Сите извлечени се пренесени во болница на натамошни прегледи.

27 лица загинаа, а најмалку 831 се повредени во земјотрес со јачина од 6,6 степени кој го погоди егејскиот брег на Турција во петокот.

(Извор: (Anadolu Agency AA)

Во земјотресот што ги погоди Турција и Грција загинаа најмалку 26 луѓе, над 800 повредени 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот