ВИДЕО: Изразот на лицето на Алекс Фергусон кажува сѐ за Манчестер јунајтед!

Крајно разочаран поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, после дебаклот на „Олд Трафорд“/Фото: twitter.com/utdreport

Ливерпул славеше 5:0 среде Манчестер, Кристијано Роналдо за малку ќе добиеше црвен картон поради неспортски потег, а легендарниот Сер Алекс Фергусон беше црвен во лицето од бес..

Во „дербито“ на Премиер лигата играчите на Јирген Клоп неочекувано убедливо ги надиграа „црвените ѓаволи“.

Целосно вечерва разочарани фановите на Јунајтед кои бараат веднаш норвешкиот менаџер Оле Гунар Солскјер да добие отказ.

На трибините на „Трафорд“ беше и славниот Фергусон кој не можеше да поверува што се случува на теренот.

Го гледаше срамот против еден од најголемите лути ривали, еден кадар во директниот пренос се виде изразот на лицето на Ферги кое кажува ѐ за Манчестер јунајтед.

ВИДЕО: Оле „аут“, навивачите не може повеќе да го гледаат срамот на Манчестер јунајтед

Веднаш потоа, легендата на Ливерпул, Кени Далглиш е снимен како се смее и секако задоволен од настапот на неговиот поранешен клуб.

Уште на паузата фановите при негатива од 0:4 го напуштија стадионот незадоволни од играта на нивниот омилен клуб.