ВИДЕО | Израел за два дена ја нападна Сирија 480 пати

Сириска армија - EPA-EFE/BILAL AL HAMMOUD

Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија предизвика интензивен израелски воен одговор, вклучувајќи воздушни и копнени операции низ Сирија. Израелските сили изведоа околу 480 напади во изминатите два дена, насочени кон стратешки воени објекти, додека израелската морнарица ја гаѓаше сириската флота.

ОН ги критикуваат потезите на Израел

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ја опиша операцијата како „голем успех“, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху го поздрави падот на режимот на Асад како „ново и драматично поглавје“.

Нетанјаху изјави дека ваквиот развој на настаните е резултат на израелските напади врз Хамас, Хезболах и Иран и дека геополитичката слика на Блискиот Исток се менува. Иако израелските власти сметаат дека падот на Асад е позитивен поради неговите врски со Иран и Хезболах, тие се загрижени за иднината на Сирија, пишува Си-ен-ен.

Министерот за надворешни работи Гидеон Шар изјави дека Израел напаѓа објекти со хемиско оружје и ракети со долг дострел за да ги спречи да паднат во рацете на екстремистите.

„Што доаѓа после тоа останува нејасно“, рече Шар, додавајќи дека Израел ги презема сите можни чекори за да ја обезбеди својата безбедност во оваа нестабилна ситуација.

ОН и значителен дел од меѓународната заедница ги критикуваат потезите на Израел, кои ги сметаат за нарушување на територијалниот интегритет на Сирија и поттикнување на натамошна нестабилност во земјата. Од 1967 година Израел ја окупира Голанската висорамнина на тројната граница меѓу Израел, Либан и Сирија, а за време на владеењето на Асад извршуваа напади врз Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот