ВИДЕО: Израел, Грција и Кипар одржаа заедничка поморска вежба

Израелската војска денеска соопшти дека одржала заедничка поморска вежба со Грција и Кипар, како одраз на засилена соработка меѓу трите земји, кои гледаат на Турција како се поголем ривал на Медитеранот.

Вежбата, која заврши во четвртокот, меѓу другото, симулираше битка со бродови, операции за пребарување и спасување, а учествуваше и Франција.

– Овие вежби се клучни за зајакнување на врските на морнарицата со странски флоти кои имаат заеднички интереси, рече контраадмиралот Ејал Харел, кој ги предводи израелските поморски операции.

Израел, Грција и Кипар во последните месеци презедоа чекори за зајакнување на врските, вклучително и реализација на плановите за изградба на подземен кабел за пренос на електрична енергија од 2.000 мегавати и подводен гасовод долг 1.900 километри.

Постои недоразбирање меѓу Грција и Кипар од една страна и Турција од друга страна затоа што Турција испрати бродови за наоѓање гас во областа на која Кипар има ексклузивни права.

Израел и Турција порано беа блиски сојузници, но во 2010 година дојде до криза во односите кога израелските сили убија десет турски граѓани, бидејќи флота предводена од турски брод се обиде да ја пробие блокадата на Појасот Газа.

Двете земји се согласија на помирување со посредство на САД во 2016 година, но односите повторно се влошија две години подоцна, кога тогашниот американски претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел.

Како што пренесуваат агенциите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се залага за палестинските цели и политички го поддржува исламскиот екстремистички Хамас, кој насилно ја презеде контролата врз Појасот Газа од ривалскиот умерен Фатах.

Неколку водачи на Хамас живеат во Турција, а Ердоган се состана со лидерот на таа организација, Исмаил Хание, во декември 2019 година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот