ВИДЕО | Изнервираниот Алек Болдвин поради прашање со чадор се залета накај новинарот!

Алек Болдвин / фото: ЕПА

Актерот Алек Болдвин во понеделникот вечер е снимен пред куќата на режисерот Вуди Ален на Менхетн во Њујорк, каде вербално се судрил со Џон Левин, новинарот на „Њујорк пост“.

„Господине Болдвин, што ве носи во Њујорк?“, го прашал репортерот холивудскиот актер, на што сопругата на Болдвин, Хиларија, го замолила да си замине. Кога новинарот одбил, Болдвин видно изнервиран се свртел и се стрчал кон него.

„Не можете да фотографирате пред нечија приватна куќа!“, извикал Болдвин, гестикулирајќи со раката во која го држел чадорот и обидувајќи се да го оттргне Левин назад на тротоарот.

Хиларија, очигледно загрижена дека кавгата може да прерасне во физичка пресметка, го фатила сопругот и го задржала на место додека тој конечно не се свртел и не се вратил на влезната врата од куќата на Ален.

„Но, ова не е… Ова е јавна сопственост!“, возвратил Левин, додека Хиларија постојано му повторувала: „Оди си, престани!“ Во исто време таа енергично мавтала со мобилниот телефон со кој најверојатно го снимала новинарот, пишува „Дејли мејл“.

– „Дали навистина не го повлече чкрапалото? Дали верувате дека пиштолот пукал без да го повлечете чкрапалото? Дали навистина станува збор за дефект?“ – Левин не се откажувал од прашањата за несреќата на сетот на филмот „Рѓа“, во кој Болдвин случно ја усмрти снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Суза.

Но, Болдвин не му одговорил, а откако вратата од куќата се отворила, тој ја повикал Хиларија да влезе.

Да потсетиме, Алек Болдвин минатата недела го даде првото интервју по трагедијата на сетот на филмот „Рѓа“, во кое тврдеше дека воопшто не го повлекол чкрапалото на оружјето со кое беше убиена Халина Хачинс.

ВИДЕО: Болдвин сега тврди дека не го повлекол чкрапалото

Видео на денот