ВИДЕО | Изненадување во Ла Лига: Виљареал го сруши Реал Мадрид!

Фото: EPA-EFE/Biel Alino

Реал Мадрид во натпреварот во кој за првпат во 21. век немаше Шпанец во стартниот состав доживеа пораз од Виљареал со 2:1.

Првите 45 минути донесоа одличен фудбал со неколку прилики и на двете страни, но мрежите мируваа. По само две минути игра во второто полувреме Пино ја погоди мрежата на Куртоа за водство на домаќините.

До изедначување „кралевите“ стигнаа на истекот на еден час игра кога по реакција на ВАР добија пенал кој во гол го претвори Карим Бензема. Само три минути подоцна на ист начин Виљареал преку Морено се врати во водство. Видовме по некоја прилика и на двете страни до крајот, сепак резултатот не се промени и Виљареал ги освои бодовите од овој натпревар.

Барселона сега има прилика да направи предност од три бода на врвот на табелата, но Каталонците утре ги чека тешко гостување кај Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот