ВИДЕО | Измисли топла вода: Луѓето го исмејуваат Бруклин Бекам за неговиот „рецепт“ за џин-тоник

Бруклин Бекам за „Басл“ / Фото: Инстаграм/Рол Ромо

Бруклин Бекам, најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и пејачката Викторија Бекам, гостуваше во емисијата „Познатите личности прават коктели“ на медиумот „Басл“.

Тој најави дека ќе ги направи своите омилени пијалоци, џин-тоник и мартини, и остави впечаток дека ќе направи нешто ново и иновативно.

„Сакам да експериментирам, сакам да се обидувам да правам нови пијалоци, некои нови рецепти, знаете дека сум малку луд во кујната“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Сепак, сите кои го изгледаа неговото гостување забележаа дека немаше ништо ново во неговиот рецепт за џин-тоник. Едноставно, Бруклин употреби нане, лимета, рузмарин и краставица. И, се разбира, џин и тоник.

Апсолутно збунети, многумина се прашуваат дали тој е сериозен или се шегува.

„О, колку е кул! Рузмарин, нане, лимон?! Сето тоа во џин-тоник?! Уау! Исто така, забележав дека го земал презимето на неговата сопруга. О, Боже, колку е кул. Едноставно не можам“, гласи еден од коментарите на снимката.

„Еј, Бруклин. Те молам, дај ни го твојот рецепт за подготовка на ледот којшто го направи за џин-тоникот. Изгледа фантастично“, му искоментира друг корисник на платформата.

„Овој човек станува пародија“, вели трет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот