ВИДЕО: Изградбата на прифатен центар за странци во Бардовци повторно ги извади жителите на улица, аргументите на МВР за објектот се поинакви

Протест на жителите на скопско Бардовци пред Владата/ Фото: Слободен печат

Стопирани се градежните работи, нема ниту машинерија ниту пак работници во скопско Бардовци каде од мај годинава започна изградбата на Прифатен центар за странци. Така е на теренот, а на скопските улици неколку жители на оваа населба излегуваат често и протестираат против изградбата на прифатниот центар за странци, блокирајќи го центарот на градот во попладневните часови.

Својот револт прво го изразуваат пред Канцеларијата на делегацијата на ЕУ, која е финансиер на овој проект преку ИПА фондовите на ЕУ, а потоа и пред Владата.

Станува збор за објект од затворен тип, во кој треба да бидат згрижени максимум 140 странци, кои Министерството за внатрешни работи ќе ги затекне без документи и без регулиран престој во државата, но само во периодот додека трае нивната идентификација и решавање за статусот, а тоа е обично неколку дена.

Овие упорни жители на скопско Бардовци кои со месеци излегуваат на скопските улици во Центарот на градот и бараат дислокација на Центарот заради нивна лична безбедност и заштита на имотите од странците кои би престојувале тука, се поинакви од оние на МВР по чија иницијатива се гради, пред се поради катастрофалните услови во таквиот центар во Гази Баба каде моментално престојуваат странци со нерегулиран престој.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот