ВИДЕО | „Изгледа неверојатно на 54 години“: Џенифер Анистон покажа дека сѐ уште е во одлична форма

Американската актерка Џенифер Анистон објави видео од својата рутина на вежбање и уште еднаш ги воодушеви следбениците на Инстаграм со својот беспрекорен изглед.
Во описот на видеото, таа се пофали дека е дел од тим за вежбање и дека е горда што поддржува толку талентирани тренери на своите социјалните медиуми.
„Ова се едни од моите омилени вежби. Јас сум му благодарна на тимот и возбудена сум за сѐ она што доаѓа“, напиша таа.

Ѕвездата на ситкомот „Friends“ има 54 години, а обожавателите ѝ упатија бројни комплименти за нејзиниот младолик изглед и одличната физичка форма.
„Боже! Џенифер, како може да изгледаш сѐ подобро и подобро?“, „Се шегуваш? Не ми се верува дека имаш 54 години“, „Имаш тело какво што би посакал секој. Јас сум во своите дваесетти и никогаш не сум видела мускули на мојот стомак. Ти благодарам што им покажуваш на жените, на која било возраст, дека е убаво да се работи на себе“, гласат дел од коментарите на објавата на Инстаграм.
Совршениот изглед на Анистон ги инспирираше фановите да напишат и шеговити коментари на нејзината објава.
„Времето оди нанапред, а за неа оди наназад“, „Бог е жена и нејзиното име е Џенифер Анистон“, пишуваат тие.