ВИДЕО: Избегната трагедија, се урна дел од трибина во момент кога навивачите ја прославуваа победата на нивниот тим

Прославата на победата за малку можеше да заврши трагично/принтскрин/твитер/No Context Football

Денеска во Холандија беше избегната вистинска трагедија откако се урна дел од трибина во моменти кога навивачите на Витесе ја прославуваа победата на нивните фудбалери.

Имено, Витесе славеше со 0:1 на гостувањето кај НЕЦ Нијмеген, а по последниот свиреж на судијата, фудбалерите дотрчаа до трибината каде се наоѓаа гостинските навивачи за заедно да ја прослават победата.

Имено, навивачите скокаа на трибините поздравувајќи ги фудбалерите кои се наредија пред нив и во тие моменти се урна првиот ред од трибината. За За среќа, немаше целата случка мина без повредени навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот