ВИДЕО: Избегната тепачка во бугарскиот парламент, пратеници од ПП и Преродба во клинч, се слушаа и пцовки

Нов инцидент во бугарскиот парламент/Фото: Скриншот бТВ

Повторно во бугарското Народно Собрание ексалираа тензии и за малку не дојде до тепачка, објавија бугарските медиуми нагласувајќи дека повторно во центарот на случувањата се пратениците од „Продолжуваме со промените“ и „Преродба“.

Овојпат главни актери беа Искрен Митев, кому не му е првпат да се судри со колегите од „Преродба“ и Цончо Ганев.

По размена на реплики, претседателот на Собранието, Мирослав Иванов, го предупреди Ганев дека ќе го избрка од салата.

-Повторно нема да се занимаваме со панаѓури и недолично однесување на народните избраници“, рече Иванов.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Од салата се слушаа и и извици: „Повикајте психијатри“.

Од собраниската говорница на претседателот на Народното собрание му се обрати лично лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов.

„Пред малку имавте многу грда инцидент и бевме сведоци на тоа, го слушнавме. Нема да ги повторам грдите зборови што ги кажа еден од народните избраници – се вика Искрен Митев. Ова не е првпат, туку рецидив. Не е важно кон кого е кажано. Никој не може да пцуе во оваа сала и ве молиме преземете мерки. Ова е апсолутно неподносливо“, рече Костадинов.

Инцидентот пред очите на Нинова

Инцидентот се случи во моментот кога на говорницата во бугарското собрание излезе претседателката на БСП Корнелија Нинова и вицепремиер во оставка во владата на Петков, во екот на расправата за одлуката за протерувањето на руските дипломати од Бугарија и импликациите на овој чекор врз државата.

Нинова во Народното собрание го повика претседателот Радев да го разреши првиот човек на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС).

Таа побара и од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска да ја повлече одлуката за протерување на руските дипломати, што е во рамките на нејзините овластувања. Таа побара да биде разрешен и заменик министерот за надворешни работи кој ја потпишал одлуката за нивно протерување.

Нинова исто така го повика Радев да направи вистинска проверка на 70-те дипломати, а за оние за кои постојат реални докази за шпионска активност да бидат протерани.

Таа коментираше дека моменталната состојба може да доведе до реална закана за Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот