ВИДЕО | Ивановска од ДКСК: Едно да е јасно – никој не е над законот и законите важат за сите

Во јавноста се извади информацијата дека Oпштина Центар склучила договор за метар квадратен за изработка на детален урбанистички план. Ја истражувавме тендерската постапка и нема забелешки во тој поглед, но каде е ризикот. Ризикиот е таму што економскиот оператор што со наддавање успеал да го добие тендерот е истиот изработувач на претходниот план што не е во согласност со ГУП-от. Тоа е паркингот пред Холидеј Ин, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, говорејќи за урбанистичките планови во општина Центар.

-Симптоматично е како е окрупнето тоа земјиште – државата продала земјиште кое што е во процес на денацинализација од 2002. Но со промена на Законот во 2010-та се овозможува со земјиштето да располага и некој друг, за разлика од претходно кога додека не завршеше процесот никој не располагаше. И што се случува сега – додека планот е под мораториум се продава градежно земјиште и се остава простор сопствениците да даваат насоки што они би сакале таму да градат. И многу наивно е да се верува дека еден план ќе се направи за толку ниска цена- рече Ивановска.

-Ова се ризици кои ние ги утврдуваме и даваме препораки до општина Центар дека мора да се почитува Законот за урбанистичко планирање во кој што се вели дека деталниот план мора да биде усогласен со повисокиот план, односнио со ГУП-от. Овој план е оспорен бидејќи не бил усогласен, вели Ивановска и додава дека треба да се внимава планот да не отстапува од ГУП-от и да се внимава градоначллникот да ја исполни законската обврска и да го формира партиципативното тело во кое што треба да членуваат граѓани, организации, стручна фела, стручни дебати.

Говорејќи за одлуката уставните судии сами да си ги зголемат платите, Јовановска вели дека јавноста е вознемирена од етичкиот аспект на одлуката. За законскиот дел претседателката на ДКСК вели дека е потребен закон за Уставен суд и дека е потребен нов деловник зошто истиот е од 1991 година.

Разговорот со Билјана Јовановска погледнете го во видеото:

Без законски да одобри Собранието, уставните судии си изгласале 35 отсто додатоци на плата

ДКСК се сомнева во уставноста на одлуката за додатоци на плата на уставните судии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот