ВИДЕО: Иваниќ со прекрасен гол за триумф на Црвена звезда против Лудогорец

Црвена звезда со Партизан води голема борба за титулата во Србија/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

И покрај победата од 1:0 над Лудогорец во петтото претпоследно коло од Лига Европа, Црвена звезда сè уште го нема обезбедено учеството во следната фаза на ова натпреварување.

Единствениот гол за белградските „црвено-бели“ го реализираше Иваниќ во 57 минута од средбата на стадионот „Рајко Митиќ“. Победничкиот гол на Црвена звезда против Лудогорец (1:0) можете да го погледнете ТУКА

Во вториот меч од групата „Ф“ данскиот Митјиланд славеше на домашен терен против Брага со 3:2. На табелата води Црвена звезда со 10 бодови, пред Брага која има девет, третопласиран е Митјиланд (8), а на дното ќе остане Лудогорец (1).

Лига Европа, 5. коло, резултати –

Баер Леверкузен – Селтик 3:2
Бетис – Ференцварош 2:0
Црвена звезда – Лудогорец 1:0
Динамо Загреб – Генк 1:1
Галатасарај – Марсеј 4:2
Локомотив Москва – Лацио 0:3
Митјиланд – Брага 3:2
Рапид Виена – Вест Хем 0:2

Адеми и Ристовски по лондонско чудо и ќе „навиваат“ за Рапид Виена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот