ВИДЕО | Ива Дамјановски со нов музички „зрак“ од својата креативна работилница

Ива Дамјановски/приватна архива
Ива Дамјановски/приватна архива

На Инстаграм профилот на Ива Дамјановски, наша позната пијанистка, поетеса и уметница постојано нешто се „крчка“ и е во зародиш. Или е некаква фотографија, мал отсечок од нејзината реалност, или е музичко парче што треба да осамне наскоро.

Ива Дамјановски/приватна архива

Ива веќе одредено време е во Тренто, Италија каде е на мастер студии и од таму буквално „се полни“ со впечатоци и кадри кои ќе ги преточи во нешто авторски нејзино. Меѓу другото, Ива е дел од дуото „Алембик“, со кое ја снимија „Dynamo“, а сега ни подготвува нешто самостојно…

Ива Дамјановски/приватна архива
Ива Дамјановски/приватна архива

По повод еден мал „зрак“ што го сподели на Инстаграм-профилот, ја прашавме што е следно во нејзиниот уметнички израз кој таа со суптилна, речиси интиуитивна амбиција го гради како бастион. Овој пат се работи за целосен индивидуален пакет.

„Зрак е кратка трака што ќе излезе со видео спот, премиерно на 12 декември. Ова е и интрото на мојот прв соло албум. Спотот е исто така мојот прв целосно авторски проект, од режија, камера, монтажа и обид за актерство“. Интересно ми е да ги спојувам сите тие можности за израз. Светот е многу интересно место, само треба да го видиш – изјави таа за „Слободен печат“

Во прилог малиот тизер од видеото за „Зрак“. Се работи за современ, софистициран звук, вистински зрак светлина низ музичкото небо. Локацијата на која се направени кадрите е во Остра, Чачак пред познатиот „Споменик на храброста“, а самиот видео спот е сниман на различни места – Тренто и Лефкада, Грција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iva Damjanovski (@ivadamjanovski)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот