23.8 C
Скопје

ВИДЕО: Италијанските и турските навивачи со нетрпение го чекаат спектаклот во Рим!

Можеби еуфоријата поради пандемијата на коронавирусот нема да биде толку голема како што знаеме од минатото, но со дозволата од УЕФА ограничен број на навивачи да присуствуваат во текот на натпреварите на Европското првенство, на секаков начин фановите ќе се обидат да ја загреваат атмосферата, и ја даваат неопходната поддршка.

Денеска од 21.00 часот на „Олимпико“ стадионот во Рим ќе се игра првиот меч на ЕП, во групата „А“ домаќинот Италија ќе ги одмери силите против Турција.

Инаку Италијанците се враќаат на големата сцена после 1805 дена на едно големо натпреварување. Последен пат Италија толку чекаше од 31 мај 1962 година. Дури 2899 дена.

Навивачите на двете селекции веќе се во Рим, со нетрпение го очекуваат настапот на нивните селекции со надеж и верба за победа.

Во текот на целиот ден слават и навивачи, засега инциденти нема, а турските и италијанските фанови заедно и се сликаат во италијанскиот главен град.

Во групата „А“ покрај Италија и Турција, ќе играат уште селекциите на Велс и Швајцарија.

Фото:EPA-EFE/ANGELO CARCONI

ЕП: Македонските фудбалери без поддршка од навивачите на дуелот со Холандија!

Поврзани вести

Англичаните не калкулираат, ако треба и низ „пекол“ до трофејот!

Слободен печат

ВИДЕО: Хрватите го освоија Глазгов за осминафинале на Европското првенство!

Слободен печат

Готово: Меси ќе добие нов договор, но и помали плати во Барселона!

Слободен печат

Јакимовски: Скандал и срам – спортскиот херој на Македонија нема да учествува на ЛОИ Токио!

Слободен печат

ФОТО: Од детето на ФК Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата!

Слободен печат

Бомбастична вест од Турција: Газдата на Фенербахче сака да го преземе ФК Вардар?!

Слободен печат

Остави Коментар