ВИДЕО: Италијанците во реклама дотурија „сол во раните“ на Англичаните од Евро 2020

Италијанците годинава ја освоија титулата на Европското првенство, во финалето ја совладаа Англија на пенали/Фото: EPA-EFE/John Sibley

Поминаа три месеци од големиот успех на италијанската репрезентација која ја освои титулата на Европското првенство.

Во големото финале во Лондон ја совлада селекцијата на Англија после пенал серијата со резултат 3:2 (1:1 во регуларните 90 минути).

Италијанските навивачи непосредно после завршниот меч на Евро 2020 им дотурија сол на раните на англиските фанови дека „фудбалот се враќа во Рим“ (it’s coming to Rome) по англискиот легендарен слоган „фудбалот се враќа дома“ (Football’s coming home).

А овие денови италијанските фудбалери се потсетија на овој триумф уште еднаш овојпат во една интересна реклама.

Имено, италијанската пошта направи реклама во која главни актери се хероите од ЕП, селекторот Манчини и неколку фудбалери кои во улога на поштари, на крајот од ова видео, му ја испорачуваат нарачката на Манчини.

Пред вратата се Жоржињо, Бонучи и Локатели, а она што носат е оброк за селекторот – англиска супа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот