ВИДЕО: Италија има нов шампион после скоро 10 години!

epa09158805 Inter's Matteo Darmian (R) celebrates with teammates after scoring the 1-0 lead during the Italian Serie A soccer match between Inter Milan and Hellas Verona at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 25 April 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Од сезоната 2011/2012 гледавме само доминација на Јувентус, пред истата да започне во 2010/2011 на тронот беше Милан.

Девет години подоцна повторно имаме шампион кој доаѓа од градот Милано, но овојпат „неро-аѕурите“ се тие кои ја слават титулата.

Составот на Антонио Конте вчера ја заврши својата задача со победата над Кротоне, а денеска чекаа кикс на Аталанта и тоа се случи откако клубот од Бергамо ремизираше 1:1. За Интер ова е вкупно 19 Скудето во неговата историја, прво од сезоната 2009/2010.

Денеска во 34 коло се одиграа уште две средби, Наполи одигра само нерешено 1:1 со Каљари, кај домаќините од 81 минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како замена за Руиз, а немаше победник и на мечот Болоња-Фиорентина (3:3).

На табелата Интер е на првото место со 82 бодови, пред Аталанта и Милан кои имаат по 69, следува Наполи со 67, петтопласиран е Јувентус (66), на шестата позиција е Лацио (64)…дефинитивно очекуваме голема борба за место во Лигата на шампионите.

ВИДЕО: Гол-шоу на „Олимпико“ без Пандев, Лацио не се откажува од ЛШ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот