ВИДЕО: Италија без примен гол и максимална во групната фаза, Швајцарија на чекање!

Фото: EPA-EFE/Alberto Lingria

Фудбалерите на Италија го совладаа Велс со 1:0 во последното трето коло од групата „А“ на Европското првенство. Велшаните и покрај поразот како второпласирани се пласираа во осминафиналето на шампионатот.

Играчите предводени од селекторот Роберто Манчини со овој триумф и матетатички го обезбедија првото место, и воедно не знаат за примен гол после првите три натпревари, односно имаат гол разлика 7:0.

Италијанците со максималниот учинок од три победи покажаа и докажаа зошто се едни од главните фаворити за титулата на Евро 2020.

Во првото полувреме домаќинот на својот стадион во Рим беше подобар ривал, се закануваа Белоти и Киеза, но голот дојде од човекот од кој можеби најмалку се очекуваше.

Одличниот Матео Песина во 39 минута се најде на вистинското место и со еден прецизен удар ја затресе мрежата на Ворд.

Во вториот меч од групата Швајцарија со 3:1 триумфираше над Турција најмногу благодарение на двојниот стрелец Џердан Шаќири (26`, 68`). Претходно гол серијата ја започна Сеферовиќ уште во шестата минута, а феноменален гол за Турците во 62 минута реализираше Кахвечи.

Сега Швајцарците се на чекање, односно го чекаат расплетот во останатите групи и како една од четири најдобро третопласирани се најдат во нокаут фазата.

Евро 2020

Група „А“
3. коло, резултати –

Италија – Велс 1:0
Швајцарија – Турција 3:1

Конечна табела:

1.Италија 9 бодови (7:0)
2.Велс 4 (3:2)
3.Швајцарија 4 (4:5)
4.Турција 0 (1:8)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот