ВИДЕО | Истражување: Бебињата во утробата на мајката реагираат на одредени вкусови и мириси

Фото: Скриншот, Фејсбук

Група истражувачи од Универзитетот Дурам во Велика Британија откриле дека бебињата во утробата на мајката имаат различни реакции на различни вкусови и мириси. Со помош на ултразвук, тие набљудувале 97 бебиња во утроба, кои биле меѓу 32. и 36. недела од бременоста на мајките, и ја следеле нивната реакција откако мајките консумирале одредена храна, пренесе „This Now“.

Студијата, која неодамна беше објавена во „Psychological Science“, покажа дека многу од бебињата во утробата на мајката имале насмеан лик откако нивните мајки изеле морков. Од друга страна, повеќето од нив имале намуртен лик откако нивните мајки изеле кељ.

„Наодите од оваа студија имаат важни импликации за разбирање на најраните докази за способноста на фетусот да чувствува и разликува различни вкусови“, напишаа истражувачите во трудот.

„Ние сме првите кои можевме да ги покажеме бебешките изрази на лицето во однос на храната што мајката штотуку ја консумирала“, рече Надја Рајсланд, соавтор на студијата.

Исто така, истражувачите откриле дека бебешките изрази на лицето во однос на вкусовите стануваат покомплексни како што фетусот старее. Според нив, преференциите за одредени вкусови може да се создадат уште додека бебето е во утробата на мајката, како резултат на повеќекратно изложување. Со други зборови, можеби вашата омилена храна е нешто што вашата мајка обожавала да го јаде додека била бремена со вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот