ВИДЕО | Истражување: 75 отсто од паровите кои ја избрале оваа песна за својот прв танц се развеле

Прв свадбен танц / Илустративна фотографија / COM / Alamy / Profimedia

Во мноштвото свадбени традиции, првиот танц е еден од најочекуваните моменти од денот. Младенците внимателно ја избираат песната на која првпат ќе танцуваат како сопружници и музички избори најчесто се оние кои имаат посебна симболика во нивната врска.

Меѓутоа, според истражувањето кое го направи порталот OnBuy, изгледа дека песната за првиот танц има многу поголемо значење. Резултатите од нивната анкета покажале дека младенците кои избрале одредени песни за својот прв танц имаат среќни бракови, додека некои песни, се чини, не носат среќа и браковите завршиле со развод.

Целта на истражувањето била да се открие дали постои поврзаност меѓу стапката на разводи и песните што младенците ги избрале за својот прв танц. Тие прашале 5.544 луѓе ширум светот која песна ја одбрале и каков е нивниот брачен статус во моментот.

Песната на „Уан дирекшн“ (One Direction) виновна за најголем број разводи?

Добиените податоци покажале дека најпопуларна песна за првиот танц е „Can’t Help Falling In Love“ на Елвис Присли со 10,48 отсто гласови. Истражувањето, исто така, открило дека песната која најчесто носи среќа во бракот е песната на Елтон Џон, „Can You Feel The Love Tonight“ бидејќи 77 отсто од оние што ја избрале останале во брак.

Ако му се верува на ова истражување, поголеми се шансите парот да остане во брак доколку го танцува првиот танц на некоја песна на „Дизни“, што го потврдиле повеќе од 70 отсто од анкетираните парови кои сѐ уште се заедно. Песни кои донеле брачна среќа, исто така, се и „Isn’t She Lovely“ на Стиви Вондер и „The Way You Look Tonight“ на Френк Синатра.

Песната која, пак, завршила со најмногу разводи е „Little Things“ на „Уан дирекшн“ (One Direction) – 75 отсто од паровите кои ја избрале таа песна се развеле. На непопуларната листа, по „Уан дирекшн“, следуваат „I’m Yours“ на Џејсон Мраз и „Chasing Cars“ на „Сноу патрол“ (Snow Patrol).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот