ВИДЕО: Историски триумф за Башакшехир, Демба Ба знае како против Јунајтед!

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Лигата на шампионите до вечерва беше единственото натпреварување во кое Манчестер јунајтед играше врвен фудбал, но играчите на турскиот клуб Башакшехир се погрижија тоа да се промени. Турската екипа ја забележа првата историска победа во ЛШ триумфирајќи против „црвените ѓаволи“ на Оле Гунар Солскјер со 2:1.

Првиот гол беше дело на Демба Ба, екс играчот на Челси и Њукасл, кој стрелаше во 13 минута. За Сенегалецот ова не е првпат да постигнува гол против премиерлигашот од „Олд Трафорд“, уште трипати тоа го направи своевремено во Премиер лигата.

Предноста на домаќините во 40 минута ја зголеми босанскиот репрезентативец Един Вишча, а три минути подоцна на 2:1 намали Марсијал.

Гостите во 92 минута имаа одлична шанса да дојдат барем до бод, но 34-годишниот дефанзивец на домаќините Епуреану ја отстрани топката од гол линијата.

Се одигра уште еден дуел, ремизираа Зенит и Лацио (1:1). Русите беа во позитива со погодокот на Јерохин, а римските „небесно-сини“ израмнија преку Саиседо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот