ВИДЕО: Историски меч, Енцо Перез како голман е херојот на Ривер!

epa09214119 Marcelo Gallardo (L), River Plate coach, and Enzo Nicolas Perez (R) River Plate goalkeeper, celebrate at the conclusion of the Copa Libertadores Group D soccer match between River Plate and Santa Fe at the Monumental Stadium, in Buenos Aires, Argentina, 19 May 2021. EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni / POOL

Доцна синоќа групната фаза од „Копа Либертадорес“ ни донесе седум натпревари, од кои најмногу внимание привлече оној кој го одиграа екипите на Ривер плејт и Индепендиенте Санта Фе.

Аргентинскиот клуб славеше против колумбискиот претставник со резултат 2:1, а треба да се одвои фактот дека во редовите на Ривер имаше повеќе од 20 позитивни случаи на коронавирус.

Тренерот Марсело Гаљардо имаше вкупно 11 фудбалери на располагање за овој меч, без голман, па така одлуката беше меѓу стативите да застане играчот од средниот ред, Енцо Перез.

Инаку Перез е поранешен фудбалер на Бенфика и Валенсија кој ја одиграа оваа средба со повреда на коленото.

Ги изненади сите со своите добри голмански перформанси и на крајот дури беше прогласен за играч на натпреварот.

Видео на денот