ВИДЕО | Исповед на Украинка која го напуштила својот дом: Беше многу тешко бидејќи не разбираш каде одиш

Украинка која го напуштила својот дом/ Фото: Твитер

Украинката Илона Лемеха (30) од Днипро морала да го напушти домот, семејството и земјата за да побегне од областа зафатена од војна.

Таа отпатувала низ Унгарија и успеала да добие виза за да дојде во Велика Британија.

Илона е една од првите украински бегалци што пристигнаа во Британија како дел од програмата „Домови за Украина“, која им овозможува на Британците да спонзорираат Украинци со тоа што ќе ги доведат да живеат во нивниот дом. Илона се населила со семејството Хедли во Бедфордшир.

Пред да се состанат на аеродромот, Сара Хедли и Илона комуницирале само преку СМС-пораки, откако стапиле во контакт преку група на Фејсбук што ги поврзува Украинците со британските домаќини.

„Гледајќи го очајот на сите овие луѓе и семејства… Многу ни е тешко да разбереме како се чувствуваат затоа што не сме доживеале такво нешто, но разбираме кога некому му е потребна помош“, рече Сара, чиј сопруг и децата ја поддржуваат одлуката да ја прими Илона.

Семејството ќе добива околу 3.000 фунти месечно за да обезбеди сместување, но рекоа дека тоа ќе го направат бесплатно и ќе ѝ го платат летот за Лондон.

Илона зборува англиски, па комуникацијата во куќата ќе им биде многу полесна. Скај њуз разговараше со Илона, на која многу ѝ недостасуваат нејзиниот сопруг и родителите кои сè уште се во Украина.

„ Беше многу тешко затоа што не разбираш каде одиш, колку ќе бидеш одвоен од семејството и до кога нема да ги видиш. Не е важно колку време ќе помине, сепак ќе биде тешко“ – рече Илона плачејќи.

Таа знаеше дека мора да ја напушти земјата кога нејзиното семејство за влакно избегна ракетен напад.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот