ВИДЕО | „Многу ме стресува“: Покојната Ксенија Пајчин постојано била канета на озлогласените „бели забави“ на Пи Диди
Покојната српска поп пејачка Ксенија Пајчин во едно дамнешно интервју открила дека сега озлогласениот и уапсен музички магнат Шон Диди Комбс ја канел на прочуените блудни т. н. „бели забави“.
На социјалните мрежи се појави видео во кое Ксенија зборува за овие повици и ги открива причините зошто никогаш не отишла на забавите на познатиот рапер, каде се случувале бројни развратни дела и злосторства.
– Не отидов ниту на една забава на Пи Диди, јас тоа воопшто не го сакам, ме стресува и кога чувствувам дека некој не ми годи, па макар бил и тој, јас тогаш тоа не сакам да го правам, но мојот пријатеl тогаш ме покани на журка со Маја Латиновиќ, која сега е милионерка, а тој „умре од смеење“ кога му реков дека им ги зашивам надоградбите (екстензиите) на косата на танчарките и дека не можам, затоа што многу изморена – рекла со насмевка Ксенија.
boze koliko zivota je zivela ksenija pajcin🤍 #caosvima #PdiddyFiles pic.twitter.com/g6BjgCRdNP
— хелијum💎 (@xelijum) October 6, 2024
Да потсетиме, раперот Пи Диди (Шон Диди Комбс) беше уапсен минатиот месец во Њујорк под обвинение за рекетирање, трговија со луѓе и проституција. Двапати бараше да се брани од слобода и понуди кауција од 50 милиони долари, а двата пати беше одбиен, а за тоа време само пристигнуваат обвиненијата против него.
ФОТО | 30 години по неговата смрт, Тупак конечно доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд
Изминаа 12 години од трагичната смрт на балканската ѕвезда Ксенија Пајчин