ВИДЕО: Искусен офицер на ЦИА загинал во Сомалија

ЦИА / Фото: МИА

Искусен офицер на Централната разузнавачка агенција загинал пред неколку дена во Сомалија, јави синоќа „Фокс њуз”. 

Според телевизијата, убиството на офицерот може да ја забави политиката на претседелот Доналд Трамп за повлекување на американската војска од жешките точки како Африка, Сирија или Авганистан. ЦИА има кадар од 700 лица во Сомалија со задача да соработува со локалните сили за пораз на терористичката група Ал-Шабаб, активна во регионот. 

Офицерот бил дел од Центарот за специјални активности, паравоен отсек на ЦИА, и поранешен специјалец во елитната единица на морнаричките фоки, позната по убиството на Осама бин Ладен. 

Телевизијата наведува дека убиството на офицерот ќе додаде уште една ѕвезда на ѕидот во лобито на седиштето на ЦИА во Ленгли, северна Вирџинија, во спомен на сите паднати оперативци на агенцијата. Во изминатите две децении на меморијалниот ѕид се додадени уште десеттина ѕвезди, заклучно со септември 2020 година нивниот број е 135. 

САД имаат база со 1.000 војници во Белгија, 35.000 војници се стационирани во Германија, 26.000 во Јужна Кореја, како и 50.000 во Јапонија. Базата Бондстил во Косово има околу 1.500. Бројот на американски војници во Авганистан е намален до 8.600, а во Сирија САД имаат околу 1.000 војници. 

Според официјално лице од Пентагон, повлекување на војниците и напуштање на воените бази на САД би имало „катастрофални последици за светот”. 

-Напуштените места и бази би биле веднаш заземени од сили кои не ги делат демократските и мирољубиви намери на САД, и кои би донеле злонамерност и неизвесност во тие региони, коментира висок претставник на Пентагон за Фокс њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот