ВИДЕО: Искршени прозорците на Собранието, прекинат говорот на Весна Петрушевска

Фото: РСЕ/принтскрин

Во моментите кога пред насобраните граѓани зборуваше актерката Весна Петрушевска, нејзиниот говор беше прекинат кога група демонстранти, од кои дел носат фантомки, ја урнаа заштитната ограда поставена пред Собранието и се обидоа да притиснат кон влезот на собраниската зграда, каде беа спречени од голем полициски кордон.

Демонстрантите фрлаат различни предмети кон полицајците, но и кон собраниската зграда на која има искршени прозорци, а ситуацијата е тензична.

Петрушевска во својот говор рече дека никој нема право да преговара за нашиот идентитет и јазик, како и дека „овој протест е борба за нас, Македонците“.

„Дојдов со една цел, да ви кажам неколку работи. Прво општествена одговорност е секој културен работник, актери, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот, рече Петрушевска на денешниот протест против францускиот предлог, кој се одржува под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“.

„Не може никој да преговара за нашиот идентитет, македонскиот јазик е нашата тврдина. Со македонскиот јазик ние војуваме. Ние сме супер народ, ние сме само обесправени. Затоа денеска сум денеска тука и не ме спречи ниту дождот, времето и грмотевиците. Ова е борба за нас, за Македонците и за нашиот јазик“, порача Петрушевска пред насобраните граѓани.

Видео на денот