ВИДЕО | Искрено со Павле Камилоски: Мојот прапрадедо од Галичник на времето извезувал кашкавал за Њујорк

фото: репротер промо

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски во интервју за „Репортер“ раскажа за своето потекло. Имено, Камилоски потекнува од познато галичко семејство и со мерак зборува за Галичник. Не само за убавините на селото туку и за галичани, кои надалеку во светот се познати.

Па, како што вели: „Мојот прапрадедо од Галичник на времето извезувал кашкавал за Њујорк. Во друштво се шегуваат кога ќе им кажам дека во Галичник е донесена првата машинка за бричење и ред други работи. А ако ме прашуваш дали се скржави? Не. Тие се домаќини“.

Павле потекнува од познато угостителско семејство, кое веќе 12 години го работи единствениот хотел „Неда“ во Галичник, често сврталиште и на обичните луѓе, но и на многу наши јавни личности или од странство.

Не е лесно да се одржиш во оваа работа. Јас и моето семејство се трудиме навистина многу оти која е целта ако некој еднаш дојде и никогаш повеќе не се врати“, раскажува Камилоски.

Од работа на брод до музика – не било лесно. Победата на талент-шоуто на бродот на кој работел е всушност моментот кога решил да почне да пее.

На 27 години почнав да си го школувам гласот. Вљубен во медитеранската музика почнав да пеам и такви песни. Тоа ми донесе и интерпретации на песни по кои станав познат, но, конечно, и изведба на мои песни“, раскажува Камилоски. Недомана ја промовира „Љубовна рапсодија“ и вели дека е задоволен како ѝ се допаднала на публиката.

За него јавноста дозна кога почна со настапите пред четири години со карванот „Мала Италија патува“ кога изведуваше медитерански песни и шансони. Тогаш ја запозна балерината Катерина Стевковска, се вљубија и почнаа заедно да ја промовираат неговата музика.

Иако не сме повеќе заедно, сепак, таа е посебен дел од мојот живот. Никогаш не ме интересираа предрасудите затоа што Катерина е повозрасна од мене, затоа што кога некого вистински го сакаш, неважни се годините“, раскажува Павле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот