ВИДЕO | Исени: Предизвик е енергетската криза, паралелно на тоа и одливот на работната сила

Дриљон Исени, извршен директор на СКСЗМ/Фото: Слободен печат

Како реагира Стопанската комора на Северозападна Македонија на последните турбулентни економски и енергетски предизвици, одговара извршниот директор на СКСЗМ Дриљон Исени.

-Како Комора се навикнавме последниве години, првично со здравствената, а сега со енергетската и инфлаторната криза да бидеме во постојано движење, па дури и ова ни е карактеристика како Комора – постојано движење. Нашата цел од почеток на пандемијата па и сега, затоа што сметаме дека ефектите од пандемијата се чувствуваат уште во економијата, сакавме да го информираме нашето членство околу она што е предизвик, можност, што може да се искористи од оваа криза, бидејќи сметам дека во секоја криза постои и прилика. Идејата беше ние да бидеме канал на комуникација или посредувач на тоа што е бизнис заедницата и тоа да се пренесе во Влада и од друга страна се она што се носеше од страна на Владата да се пренесе кај членките во вистинско време, изјави за Утрински брифинг Дриљон Исени, директор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.

Според него минатата година најголем проблем на компаниите им беше ликвидноста.

-Уште сме во фаза на закрепнуување и секако тоа рефлексираше во ликвидноста на компаниите, бидејќи истите треба да работат со загуба, одреден дел од 2021 беа затворени, така што, ќе повторам, ликвидноста беше најголем проблем, вели Исени и додава дека е успех е што се зачувани работните места.

Тој додава дека во моментов освен енергетската криза, за компаниите е проблемот и одливот на работна сила кон западноевропските земји.

-Понекогаш тоа го правевме и со користење на владините мерки. Сега најголем предизвик е енергетската криза, паралелно на тоа и одливот на работната сила, затоа што се отвораат економиите во Европа, тоа е директен ризик за нашите вработени бидејќи таму одат да работат во подобри услови, вели Исени.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот