ВИДЕО | Исени: Партиите мора да седат настрана од МРТВ

Законската одредба која предвидува дека 80 пратеници треба да гласаат за новиот состав на Советот во МРТВ е причината поради која се одолговлекува овој процес, но мислам дека и намерно истиот се одолговлекува. Сепак главниот проблем на Јавниот сервис останува да биде политизацијата на истиот и на програмскиот Совет. Знаеме дека членовите на сегашниот Совет се бивши пратеници, партиски или високи членови на политичките партии. Вториот проблем остануваат финансиите или транспарентноста на финансиите во јавниот сервис, изјави за Утрински брифинг Џенур Исени, уредник на „Коха“ .

„Според информациите од извештаите во последните 4 години, Јавниот сервис работи со минус 12 милиони евра, значи државата не ја исполнува законската обврса од 1% од државниот буџет да се пренесе во Јавниот сервис. За оваа година, иако државата беше должна да одвои еден процент, државата одводи само 15 милиони евра. Се чини дека ова е некаков вид на одмазда на Владата кон сегашното раководство на Јавниот сервис кое е именувано од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Исени.

„Политичките партии треба да знаат дека Јавниот сервис е на граѓаните. Јавниот сервис не може нив да им покачи или намали рејтинг. Не може само кај нас да се случува двајца лидери да се договорат кој ќе биде директор, заменик директор и членови на програмскиот совет на Јавниот сервис. Јас сум скептичен дека најавените реформи ќе се случат во Јавниот сервис и откако ќе се изберат новите членови.“, рече Исени.

„Постои недостаток во транспарентноста на трошењето на буџетските средства во Јавниот сервис. Имаме информации дека за една епизода се плаќаат 26.000 евра, додека само за програмата за новогодишната ноќ, Јавниот сервис платил 90.000 евра. Не сакам да потенцирам имиња, но МРТВ емитува и серија интервјуа, каде што само за една епизода на тој новинар му се плаќа 3.800 евра, додека за иститата се користат ресурсите на Јавниот сервис – камера, студија… Една стара епизода од серијата „Френдс“ била платена до 750 евра, додека кај Јавниот сервис во Албанија за една таква епизода се трошеа 250 евра. Сето ова покажува дека финансиското управување во Јавниот сервис има многу недостатоци, Програмскиот Совет и раководството на МРТВ молчеа на обвинувањата на СДСМ и Владата против Јавниот сервис“, додаде Исени.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот