ВИДЕО: Ирански гувернер нападнат од негов сопартиец

Ирански гувернер нападнат од сопартиец/ Фото Twitter screenshot

 Новиот гувернер на иранската провинција Источен Азербејџан, шефот на ИРГЦ Зеинолабедин Хорам Разави, бил нападнат од неговиот колега полковник Ализадех од корпусот „Ашура“, кој припаѓа на копнените сили на Револуционерната гарда „Пасдарана“, додека се обраќал од говорницата.  

Добро упатените за настаните во Иран велат дека тоа се случило за време на инаугурацијата, а поголем инцидент бил спречен од страна на обезбедувањето, кое го отстранило лутиот полковник од сцената.  

Според Гардијан, се уште не е целосно јасна причината за ваквиот напад.  

Обезбедувањето на новиот гувернер брзо реагирало и го отстранило напаѓачот, а гувернерот продолжил да зборува.  

Интересно е што гувернерот изјавил дека нема поим кој е човекот кој го нападнал, иако напаѓачот бил препознаен како припадник на истата воена формација.  

„Немам појма кој е тој. Но, ова е ситница за мене. Во Сирија ме камшикуваа, ме тепаа, ми држеа пиштол над глава, така да, ваквите работи не ме загрижуваат премногу, рече гувернерот.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот