ВИДЕО | Инзаги на раб на отказ: Рома и без Мурињо славеше во Милано

Интер - Рома/ 1 октомври/ Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во дербито на осмото коло во италијанската Серија А, Рома како гостин славеше над Интер со резултат 1:2.

Интер на „Џузепе Меаца“ повторно ги разочара своите навивачи, а со вечерашниот пораз. Тренерот Симоне Инзаги дојде на раб на отказ и не е исклучено Интер многу брзо да реагира и да го отпушти.

Иако без суспендираниот Жозе Мурињо кој мораше овој натпревар да го гледа од трибините, римската волчицата одигра одличен натпревар и на крајот дојде до важна победа со која се искачи на четвртото место на табелата со 16 бодови.

Интер кој е на седмата позиција на табелата со само 12 бодови добро го отвори натпреварот. Мрежата на Рома се затресе во 10. минута. Един Џеко постигна гол против својот поранешен клуб, но набрзо тој беше поништен од ВАР.

Сепак, Интер беше тој кој дојде прв до водство и тоа во 30. минута. Барела одлично нафрли, а Димарко добро се снајде и погоди. Во 39. минута Паоло Дибала погодува за изедначување и ги враќа работите како на почетокот.

Иако Интер изгледаше поконкретно на теренот Рома во 75. минута преку Смолинг стигнува до водство. Во продолжение Интер се обидуваше да го избегне поразот, но не успеа па трите бода Рома ги однесе во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот