ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Јовановски: Живееме во земја која има сонце на знамето, досега на секој покрив требаше да има соларен панел

Горјан Јовановски, советни од Зелен хуман град/Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Утре во 11 часот 100 нови дрва ќе бидат засадени во Кисела Вода, во паркчето зад зградата Флет Ајрон во рамки на европската регионална иницијатива „Дрво на пријателството“ при што во ист ден и ист час во повеќе главни градови ќе почне акцијата за засадување на дрва, најавува еко активистот Горјан Јовановски во емисијата „Утрински печат“ нагласувајќи дека тоа е скромен придонес за  зазеленување на бетонскитите џунгли од нашите главни градови зошто зеленилото решава голем дел од проблемите чист воздух, убава животна средина, биодеверзит и помали температури во лето.

Загадувањето останува најакутен проблем посебно во зимските месеци, па здружената иницијатива Зелен хуман град која со двајца советници учествува во Советот на Град Скопје постојано инцира и нуди решенија.

-Многу ме плаши користење на мазут во котлина. Оваа зима ќе се горат и дрва, индустријата работи на енергенси кои загадуваат. Овие проблеми требаше да се решат на време. Досега на секој покрив треба да има соларен панел. Па живееме во земја која има сонце на знамето, зошто да не ги преземеме тие сончеви зраци кои се веќе тука, наместо да ни ги пржат куќите и да ни станува жешко, а можеме да ја харвестираме таа енергија и да ја користиме како енергија за загревање на домовите, за работа во индустријата итн. Тој дел да беше плански направен досега ќе имавме енергија . Соларната енергија ние на располагање. Скопје е во котлина и ни се случува природен феномен наречен температурна инверзија. Долу топол воздух, горе студен и ја добиваме онаа тепсија од загадување што се гледа од Воднао која стои над градот. Мора да го приспособиме нашиот начин на живот, да ги дислоцираме сите загадувачи од градот, а домаќинствата да се префрлат на нешто што нема да загадува: соларна енергија, градско парно што чија мрежа не е проширена. Планови има но никако да почнеме со планот, вели Горјан Јовановски кој од иницијативата Зелен хуман град е советник во Советот на Град Скопје.

Со него разговаравме и за дивите депонии, казните кои нема кој да ги напише, комуналните инспектори кои работат до 15 часот наместо 24 часа за да се утврдат и казнат вистинските загадувачи, за граѓанскиот активизам, за кавгите на градоначалничката Арсовска со претседавачот на Советот Трајко Славески како и за голивиот проблем со јавниот превоз во Град Скопје и протестот на приватните автобуски превозници.

-Ние се уште собираме информации. Од една страна има обвинувања дека се наплаќале билети но не се фактурирале, па од друга страна имаше обвинувања дека нешто не е исплатено навремено, а според финансиските извештаи се гледа дека е. Исто така доколку годинава почнала без долг кон приватните превозници и според нашите пресметки над 90 проценти од сумата кон приватните превозници е исплатена. Така што и од едната и од другата страна има проблеми, но на крајот на денот кога повеќе субјекти се препираат за тема која пред се е политичка, ние страдаме како граѓани, вели Јовановски и додава дека советниците од ЗХГ побарале директна информација од ЈСП за да се утврди фактичката состојба.

Зелен хуман град очекува конечно во Скопје да се постави компостара за органски отпад и скопјани да почнат да селектираат отпад, да се воспостави градска мрежа за сензори за загадување за да може точно да се лоцира изворот на загадувањето.

Целиот разговор со Горјан Јовановски од Зелен хуман град погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот