ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Тренчевска: Новиот закон за работни односи до лето, ќе има многу поволности за работниците

Јована Тренчевска - министерка за труд и социјална политика / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Новиот закон за работни односи може да се очекува во првата половина од годината, сегашната верзија е на јавна расправа и може да биде надградена и да претрпи измени, најави во „Утрински печат“, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Збрувајќи за новите решенија кои во јавноста предизвикаа најмногу реакции, Тренчевска објасни дека и понатаму мајките ќе имаат право на породилно отсуство од 9 месеци, со тоа што ако родат двојки или троојки им следат дополнителни 2 месеци. За прв пат пак, и татковците ќе имаат право на отсуство две недели по раѓањето на детето, како и дополнителни 4 месеци, од кои ако се откажат, нема да може да ги пренесат на мајката. Притоа, таткото може да го користи ова отсусто во исто време со мајката, или дополнително.

Тренчевска рече дека во новото законско решение се предвидува работата на определено време од 2 години, место сегашните 5 години е добро компромисно решение меѓу барањата на Синдикатот и работодавачите.

– Се одлучивме договорите за работа на определено време да бидат на две години и да нема можност за потпишување на анекс на договор повеќе од три пати – рече Тренчевска и дообјасни дека со тоа нема да може како сега да се потпише договор за поинаква работна позиција и да почне да тече нов рок за работа на определено, какви што злоупотреби има сега.

На новинарско прашање дали сепак, таа не смета дека една година е доволна за одлука, Тренчевска вели во некои дејности можеби е доволно, но во некои треба подолг период на обука, односно во некои случаи и за работодавачот и за работникот е подобро да има подолг период за да одлучи дали тоа работно место одговара.

Во делот на колективните договори во моментот предлогот е тие да се склучуваат на две години и плус да важат уште една година. Откако ќе поминат овие три години, договорите престануваат да важат.

– Ова е направено со цел работодавачите, во државниот или во приватниот сектор, како и синдикати да не се чувствуваат комотно. Имаме сега колективни договори кои важат неограничено, па може на пример синдикатот да не биде активен и да немаме дополнително некое поповолно решени за работниците. Во услови на ваква побарувачака на работна сила мислам никој нема да си дозволи да не потпише нов договор, кога ќе истече неговата важност. Ова и не е конечно решение, за него се уште се расправа – рече министерката.

Целото ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот