ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Наташа Габер Дамјановска: Кандидатот за судија и обвинител мора има личен интегритет и морал

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска/Фото: Слободен печат

За да биде правдата во општеството видлива и граѓаните реално да ја живеат се потребни судии што ќе знаат да ги применуваат законите и да не подлегнуваат на притисоците. За таа цел да биде остварена Северна Македонија пред 15 години ја формира Академијата за судии и јавни обвинителим според методологија соодветна на искуството на европските држави.

-Кога станува збор за перцепцијата на гграѓните за Академијата ќе се повикам на истражувањето, спорведено пред две години од ОБСЕ каде што граѓаните ги прашавме што мислат за системска поставеност и за задоволството од праводудството, наспроти Академијата. Според добиените резултати, оцената за Академијата е добра, каде што над 90% од испитаниците изразија задоволство од нејзината работа. Според нив таа е место каде што се подготвуваат идните кадри за судии и за јавни обвинители и треба да продолжи со работа и тоа досега го правела на квалитеетен начин. Од формирањето, Академијата има поддршка од Европската Унија и моја заложба е оваа поддршка да продолжи и Академијата уште повеќе да се вгради во системот со образување квалитетен кадар за правосудството, изјави директорката на Академијата Наташа Габер Дамјановска во емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Образувањето на кадарот во Академијата е основна задача и при тоа особено се внимава на изборот на кандидатите и на нивниот успех во завршувањето на обуката.

-Ако се врши привилегирање спрема кандидатите во лоша смисла на зборот, тогаш за ова се надлежни другите инстиуции. Академијата е должна да направи постапки според законот при приемот на кандидатите и да ја следи сопствената методологија, правила, принципи и критериуми за прием и за обука на кандидатите. Целиот процес на прием на кандидатите според законот е регулиран на тој начин што го врши независна Комисија од 10 членови што се судии и обвинители. Како раководно лице на Академијата во овој дел немам ингеренции во надлежностите и работата на Комисијата- истакна директорката на Академијата Наташа Габер Дамјановска.

Академијата не може и не смее да врши дискриминација на кадидатите поради нивното потекло и критериуми затоа што однапред се свесни дека таквата постапка е загубена за нив.

-Академијата редовно испраќа писма до сите заинтересирани надлежни институции и тела што работат во рамките на Академијата, како што се членови на комисии, на Управен одбор, потоа личности што работат на креирање прашања и слично во кои се реферира за конфликт на интереси. Под претпоставка ако некој кандидат за обука во Академијата се пријавува, а овие членови имаат сознание за некое лице што е кандидат дека позицијата создава конфликт на интереси, треба да се пријават за да биде иземени од членување во комисијата или друг орган. Во однос на бројот на кандидатите што се пријавуваат за обуката во споредба со претходните конкурси, можам да истакнам дека на седмиот конкурс за едно место имаше пријавено 12 кандидати што е многу висок број како конкуренија. Меѓутоа, откако го зголемивме бројот на позициите во деветиот конкурс на 97 места, бројот на кандидатите просечно  за една позиција опадна и беше околу 6 кандидати. При деветиот конкурс за 130 места, просечно за едно место имаше пријавено тројца кандидати. Просечното намалување што се случува за едно место, според мене се должи на зголемениот број отворени места за прием, од една страна и вкупниот капацитет од каде што се регрутираат потенцијално овие кандидати се намалува, од друга страна, рече Габер Дамјановска.

Академијата постои 15 години и досега ги менуваше критериумите за приемот на кандидатите и некои од нив се укинати. Дали критериумите за селекција на кадарот се благи или многу строги?

-Еден од критериумите што беше елиминационен беше кандидатот да има просек 8 при  завршување на факултетот. Од искуство и од анализа на правното знаење на факултетите што се стекнува и кое е различно, како и од праксата во судството, беше констатирано дека овој услов треба да биде укинат затоа што добиената висока оцена не е секогаш гаранција за квалитетно вршење на работата во судовите. Исто така, Сертификатот за познавање англиски јазик е укинат и сега ова тестирање на кандидатите не го вршат надворешни агенции, туку исклучиво Академијата.

Сериозен проблем е оцената за корупција, притисоци и непотизам во правосудството што редовно се нотира во извештаите на релевантни комисии и во изјавите на меѓународните претставници во Македонија. Изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека дале еден милион долари за обука на судии и обвинители и дека не се задоволни од изборот на јавниот обвинител експлицитно е критика на квалитетот на работата на Академијата.

-Програмите на САД за обуката на обвинители се добри и ние како Академија имаме одлична соработка. Мое мислење е дека можеби амбасадорката обуката ја подразбира како инвестиција на САД во квалитетот на работењето на луѓето што работат во Академијата. Верувам дека секоја институција треба да си ја врши својата работа, а Академијата врши обука, така што праксата на работењето на јавните обвинители и судии е во судовите и преку спроведување на законот. Затоа секој е индивидуално е одговорен за своите постапки. Оние што биле вмешани преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки за што говори амбасадорката за состојбата во правосудството, Академијата не може да влијае и да биде одговорна. За судија и јавен обвинител да се биде треба да има материјал во карактерот на личноста и каде што едукацијата се надградува. Личноста мора да има основа во интегритетот и во моралот, потоа личното воспитување и конкретни етички норми според кои жовеее и не може тогаш да му дадете, ако не ги поседува претходно. Во овој поглед Академијата врши два теста на кандидатите, децидна е Габер Дамјановска.

Целиот разговор со Наташа Габер Дамјановска, погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот