ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Милорад Стојмановски, новинар: На спортот му е потребен ресет

Милорад Стојмановски е еден од најистакнатите и најпознатите спортски новинари во Македонија, а од неодамна е и носител на наградата која на најдобрите од неговата професија ги доделува Сојузот на спортови на град Скопје.

Во студиото на „Слободна ТВ“, Стојмановски со еднаков жар како и секогаш говореше за новинарството и за спортот, истакнувајќи дека наградата му е голема сатисфакција во животот и во кариерата.

– Сакам да се заблагодарам на сите што ми честитаа, на колегите, читателите, спортистите. Сатисфакцијата е голема затоа што се вреднува нешто што си оставил зад себе, што некој тоа го препознал, конечно се вреднува она што го правам во моментов и што сум го правел триипол децении наназад – рече Стојмановски.

За жал, тој на концизен начин ја опиша лошата состојба во која се наоѓа спортското новинарство во нашите медиуми.

– Се обидуваме нешто заедно со Здружението на новинарите на Македонија нешто да промениме. Констатирана е лошата состојба во македонското спортско новинарство, згаснуваат рубрики, редакции, специјализирани весници, а сега и спортските портали мака мачат да обезбедат опстанок. Тоа влијае на квалитетот на информации што се емитуваат, а секако и на селекцијата на новинари кои работат во медиумите. Тоа не е загричувачки само за спортот, туку е загрижувачки и за државата – вели Стојманосвски.

Тој смета дека спортското новинарство е само одраз на состојбата во македонскиот спорт, кој од година во година бележи сè послаби резултати. Тој посочи дека иако од момент на момент се радуваме на по некој добар натпревар или, пак, освоен медал, лесно може да се констатира дека развојот на спортот оди во надолна линија.

– По осамостојувањето имавме буџет за спорт од 800.000 марки. Сега буџето за спорт што го одвоила владата изнесува 10 милиони евра. Значи проблемите во спортот не се поврзани само со пари. Сега има многу повеќе пари отколку пред 30 години, но сведоци сме како многу работи пропаѓаат – додава Стојмановски.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот