ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи Јанев: Тензиите ќе растат, европското небо станува полигон за одмерување на силите меѓу САД и Русија

Методиј Хаџи Јанев - професор / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

За инцидентот над Црното Море има повеќе теории за тоа зошто дојде до пад на американското беспилотно летало. Едната од нив е дека рускиот ловец Су-27 го закачил пропелерот на американскиот дрон по што дошло до губење на височина и понатаму негов пад во водите на Црното Море. Втората е дека авионот пресретнувач отпуштил гориво пред носот на дронот со што дошло до негово онеспособување и пад. И третата теза е дека ништо не се случило, односно дека беспилотното летало само по себе ја загубило контролата и рамнотежата и подоцна паднало во морето. Но многуверојатно правата вистина нема да можеме да ја дознаеме. Сепак едно е јасно е дека небото над Европа станува полигон за одмерување на силите меѓу Западот и Русија а тоа допринесува тензиите дополнително да се зголемуваат. Ова меѓу другото го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при гостување во емисијата „Утрински печат“.

– Не само небото, туку водата и копното се дел од тоа милје за мерење на силите. Колкав ќе биде интензитетот не знаеме да кажеме сега, сепак се надевам дека нема да дојде до поголема ескалација на работите, но едно е јасно дека ќе има зголемен број на инциденти меѓу двете страни. Само доколку ги земеме за пример случките околу Северните протоци, парадирањето на руските подморници со нуклеарен капацитет во Балтикот но и други безброј примери со нарушување на воздушните простори можеме лесно да заклучиме дека тензиите на границите околу Европа ќе бидат во пораст – посочи професорот Хаџи Јанев.

Професорот Хаџи Јанев во разговорот во студиото умешно ги анализираше успесите и слабостите на терен на двете завоени страни во конфликтот во Украина.

– Украина направи една работа која можам и лично да и позавидам а тоа е одржувањето на стратешките комуникации во однос на единството за одвраќање на руската агресија. Но ако стратешките комуникации ви се добри а суштината не е доволно добра, може да дојде до ерозија на управувањето. Корупцијата е една од главните причини поради кои во Киев може да дојде до внатрешно разединување кога станува збор унитарноста и одвраќање на Русија. За ова всушност и Путин се надеваше дека ќе дојде во Украина и тој потајно посакуваше токму корупцијата да биде каменот на сопнување меѓу украинскиот врв. Дали тоа ќе истрае и Зеленски ќе успее да го надмине овој проблем останува да видиме – истакна профеорот Хаџи Јанев.

Професорот Хаџи Јанев во гостувањето зборуваше и за престојниот состанок во Охрид меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти, што може Македонија да искористи при овој моментум во насока на нејзино меѓународно подобро позиционирање и сл.

Повеќе од разговорот со Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот