ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи-Јанев: Кина и Русија немаат архитектура преку косовското прашање да го дестабилизираат Балканот

Методи Хаџи Јанев - професор / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Состојбите на Балканот генерално се силно централизирани во зависност од политичките лидери во земјите. За да се растури една таква поставеност на работите тоа пред се зависи од клучните играчи односно самите лидери. Бидејќи тие во овој момент немаат интерес да има политичко безбедносни потреси во нивните земји во време на избори, тие да се чустуваат загрозени, овдека говорам за српската но и за косовската страна, може да се заклучи дека во принцип не постојат причини за поголеми и посериозни безбедносни потреси на регионот. Во исто време тврдам дека Кина и Русија во целава прикзна не ја поседуваат соодветната „архитектура“ преку косовското прашање да го дестабилизираат Балканот – истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи – Јанев при гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

– За разлика од Косово во Македонија работите се далеку интегрирани во смисла на тоа како ги уредува работите во општеството Охридскиот рамковен договор кој морам да признам дека е отиден во напредна фаза. Институциите кај нас веќе подолг период функционираат со таа етничка кохезија. Не говорам за квалитетот на работата на институциите туку за нивната поставеност. Таквата поставеност на работите е стабилна и во овој момент не постои можност за никакво прелевање на состојбите од Косово во земјава или било каква дестабилизација – посочи Хаџи Јанев и додаде дека земјава со самото членство во НАТО ја зацврсти стабилноста и создаде атмосфера на политичко одвраќање да некои политичари да појдат во некаков си авантуризам и рушење на постоечкиот систем.

Професорот Хаџи Јанев се осврна и на последните украински напади со дронови на Москва анализирајќи дали тие допринесуваат за жестоките руски воени напади над Украина, за модернизацијата на армијата но и за други регионални прашања од надворешната политика.

Повеќе од разговорот со Методи Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот