ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Константин Димитров, професор: Без моќна база за производство на струја нема индустриски развој на државата

Константин Димитров - проф. на машински факултет / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Изјавата на првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски дека Македонија станува ел дорадо за инвестиции во обновливи извори на енергија, ме асоцира на една паралела од филмовите кога копачите на златото го земаа благородниот метал и го носеа на друго место. Ова ме асоцира на слично и за кај нас, бидејќи приватни инвеститори поставуваат на македонска земја уреди за производство на струја од обновливи извори на енергија а потоа ни ја продаваат за повисока берзанска цена повторно на нас. Според мене тоа не е елдорадо, тоа е осиромашување на нашата земја. елдорадо би било да се искористат овие обновливи извори на начин преку кој државата, македонската влада или фирмата државна во овој случај ЕСМ да изгради такви централи во сопственост на Македонија и таа енергија се пласира за домашни потреби и да се работи без профит. Единствено така би биле вистинки елдорадо за инвестиции и употреба на обновливите извори на енергија, истакна професорот во пензија од Машинскиот факултет во Скопје, Константин Димитров при гостувањето во емисијата Утрински печат.

– Јас се согласувам дека имаме фирми што инвестираат во овој сектор. Инвестиција за задоволување на сопствени потреби се намалува потребата за увоз. Но кога една компанија закупува државна земја и подоцна гради централа, чива енергија пак подоцна се продава на берза или подоцна на ЕСМ, не ја гледам тука добивка за државата. Потребно е да има законски одредби со кои ќе се дорегулира овој сектор. Имено доколку ти како приватен инвеститор произведуваш струја и истата ја продаваш на берзата, би требало според мене да имаш уште еден погон за производство не зависно каков би бил тој со кој би го надминал проблемот со балансирање на производството на струја. Да појаснам, да може приватниот инвеститор да балансира со производство на струја во моменти кога природните услови не му дозволуваат тој да произведува струја а тој да произведува. Со овие доплонувања и некаква си постројка за производство на струја на инвеститорот според мене би се намалил шокот во преносниот и дистрибутивниот систем во земјава – истакна професорот Димитров.

Професорот од Машинскиот факултет ја коментираше и долгогодишната стагнација во развојот на енергетскиот систем во земјава.

– Без енергетска основа нема индустриски развој на државата. Нема сигурност, нема потенцијал, нема конкурентност на производот. Мора да постои моќна база за производство на електрична енергија, да ги задоволи потребите на стопанството. Дали тоа го прави државата, ќе одговорам не. Ние го пуштивме стопанството низ вода. Купуваме скапа електрична енергија на пазарот, преку трговците кои што прават профит. Сето тоа се прави затоа што немаме доволно домашно производство. Тоа е така бидејќи не сме вложувале во електроенергетскиот систем со години – потенцираше Димитров.

Професорот во разговорот се осврна и тоа колку е зависна Македонија од рускиот гас.

– За нас проблематично е што имаме една врска за конекција со гас и тој во моменто единствено е од Бугарија. Тој гасовод беше во сопственост на руска компанија кај што бевме приклучени од источниот сосед. Нашата влада во согласост со политиките на НАТО рече дека не сака да купува гас платен во рублји туку ќе купуваме гас платен во долари. Дали се рублји, долари или јуани е наважно, важно е нашата земја да потпишеше подолгорочен договор за набавка на гас од овој гасовод или фирмата. Ние потпишавме краток договор и со тоа остануваме не стабилни и загрозени во делот на задоволување на потребите за гас. Сепак сакам, овде да истакнам дека Македонија за среќа е мал потрошувач на гас па успеваме некако да ги задоволиме нашите потреби со ад-хок потези кои велам дека не се добри – посочи проф. Димитров.

Професорот во гостувањето зборуваше и за тоа дали треба државата да субвенционира во вложувањата на домаќинствата за сопствено производство на електрична енергија, кои се предикциите за годинава што следи во однос на енергетиката и сл.

Повеќе од разговорот со Димитров, можете да погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот