ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: На Русија не и е потребно ново глобално жариште на Блискиот Исток

Методи Хаџи Јанев - професор / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Ако гледаме од аспект на тоа дали на Русија и е потребен е уште еден партнер како Иран кој ќе застане рамо до рамо со неа отворено во нов конфликт, не само наративно туку и преку економија санкции и сл. против силите на либералниот свет, во тој случај можеме да кажеме дека на Блискиот Исток и е потребен партнер кој ќе отвори нова војна за руските интереси. Но, имајќи го на ум во исто време фактот дека Москва доколку нејзиниот партнер во овој случај Иран, влезе во воени судири со трета земја на Блискиот Исток и со тоа ги загуби ресурсите кои сега ги добива од Техеран како беспилотните летала – дронови, мислам дека е непотребно да има ново воено жариште во тој дел од светот за сегашните интереси на Москва. Ова го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев во емисијата „Утрински печат“ говорејќи за последните меѓусебни тензии на Блискиот Исток меѓу Иран и Израел.

– Иран во суштина доста е порозен и ранлив. Тука се санкциите, тука се меѓународните политики кон земјата кои знаеме какви се и од кога се. Познавајќи ја културата, традицијата на оваа земја но и внатрешно политичките односи мислам дека Техеран во овој момент не е доволно подготвен да влезе во војна со Израел или било која друга земја – истакна Хаџи Јанев.

Професорот Хаџи Јанев зборуваше и за безбедносните предизвици околу чествувањето на престојниот роденден на македонскиот револуционер Гоце Делчев во Скопје и последните поровокации од Бугарија.

– Секој има право да слави што сака но Гоце Делчев за мене е македонски револуционер. Во таа насока мислам дека ако излегле двајца министри за внатрешни работи и изјавиле дека ќе биде се во ред тоа треба да биде за поздрав, бидејќи со тоа двете страни изјавуваат дека имаат волја за спуштање на тензиите. И наместо да ескалираат односите ова ќе допринесе работите достоинствено да се решат на мирен и дипломатски начин – посочи Хаџи Јанев.

Повеќе од интервјуто на Хаџи Јанев погледнете го во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот