ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Горан Јаневиќ, Јанта волеј: Да не заборавиме на одбојката!

Сопственикот на Јанта волеј, Горан Јаневиќ, во гостувањето на „Утрински печат“ раскажа за успесите, неуспесите и предизвиците со кои се соочува одбојката во Македонија. Јанта волеј, еден од најпопуларните и најтрофејни одбојкарски клубови во женската конкуренција, во моментов е второпласиран во Првата женска лига, но според Јаневиќ, клубот има добри шанси повторно да ја освои титулата.
Малото внимание кое медиумите и јавноста ѝ го посветуваат на одбојката, за жал, е сериозен проблем за овој спорт, кој историски гледано, е доста познат во Македонија и регионот. И покрај успесите кои нашата машка репрезентација ги забележа на европските првенства, засега поддршката за сениорските лиги останува минимална.
Покрај големите успеси кои Јанта волеј ги бележи во женската одбојка, клубот е познат и по својата школа. Како што вели првиот човек на клубот, Горан Јаневиќ, бројот на млади девојчиња кои одлучуваат за тренираат одбојка сѐ уште е голем. Според него, кај жените има поголема конкуренција отколку кај мажите.
Јаневиќ вели дека момчињата често се одлучуваат да тренираат фудбал, кошарка или ракомет, што остава простор женската одбојка дополнително да се развие.
Финансискиот аспект е исто така голема причина поради која младите ретко одлучуваат професионално да се натпреваруваат. Според тренерот на Јанта волеј, во Македонија одбојката за жал е рекреативен спорт.
Јаневиќ вели дека во овој спорт треба многу да се вложи, бидејќи има доволно капацитет оваа земја да се изгради како сериозна одбојкарска сила на европско ниво.
Во септември, Северна Македонија, заедно со Израел, Италија и Бугарија ќе биде домаќин на европското првенство во одбојка, што може да биде прилика дополнително да се развие овој спорт на државно ниво.