ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Деспотовски: Мора да направиме позитивен притисок врз компаниите во зоните за покачување на платите

Јован Деспотовски - директор на ТИРЗ / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

За едно општество да има развој и раст е потребно да се развиваат здравството, образованието и социјалната политика, а основен и неопходен услов е развојот на индустријата. Македонија е средно развиена држава и со политиката на развојот на технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) има шанса да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, да ја промени структурата на вработените во јавниот, односно приватниот сектор да добие знење и технологија и да го намали темпото на заминување на луѓето од државата.

-Македонија е во групата на средно развиени држави и наша цел е растот што се случува да го направиме дополнително поинтензивен, од една страна и развојот го гледаме и во растот на областите, како што се образование, култура и социјална политика со еден збор цивилизациски да напредуваме, од друга страна. Нашата цел или нашиот стремеж е она што е просек на ниво на ЕУ да го достигнеме. Во еден период во државата немаше развој или речиси стагнира на тој начин што другите напредуваат, а ние автоматски назадувавме. Денес реално гледаме чекориме добро и правилно. Во мојот пристап и она што е слабост може да го направиме да биде предност. Имено, често ме прашуваат што може Македонија да понуди како мала земја? Одговорот е: Тоа што сме мали од друга страна прави да бидеме пофлексибилни. Една ситуација е актуелна деновиве и беше позитивно завршена за нас каде што бевме во конкуренција со Србија и Хрватска ја добивме како партнер големата тајванска компаниеја Јагео. Тоа е компанија гигант во електрониката. Една година траеше процесот во период кога мора постојано да ги истакнуваме нашите предности во однос на другите држави. На крајот во перцепцијата кај нашиот иден партнер сме успеале и нашите слаби страни да ги претставиме како добри, а добрите да бидат потенцирани значително. На пример факт е дека нашето членство во НАТО е голема предност пред Србија, како и нашата безбедност и стабилност во регионот. Ова го истакна директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони – ТИРЗ, Јован Деспотовски во емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Евидентно е дека членството на Македонија во НАТО на долг рок влијае и придонесува за подобрување на развојот на државата пред се во економијата, а потоа и во други области. Странските компании се свесни дека безбедноста и стабилноста на државата е предуслов за да инвестираат сопствен капитал, а членството во НАТО за државата е предност во споредба со друга држава што не е членка на Алијансата. По промената на статусот на државата во оваа област и политичарите ја заменија реториката кога заговараат доаѓање на странскиот капитал. Имено, во претходниот период политичарите често велеа дека Македонија има евтина и образована работа сила и тоа би требало да биде нашата најголема предност.

-Никогаш немаат слушнато од мене таква изјава. Сакам да кажам дека јас сум одговорна личност спрема оние што ме наименувале и оние за кои работам. Пред 15-тина година кога стапката на невработеност беше околу 25%, можеби постоела некаква економска оправданост да се поканат компании што се трудово интензивни што значи генерираат мала додадена вредност, но сепак даваат плата. Меѓутоа, тоа време одамна е завршено, а сега зборуваме за стапка на невработеност што е едноцифрена. Компаниите имаат реално потреба за работна сила и прашање е навистина колку е сега таа стапка на невработеност. Мора да направиме позитивен притисок врз компаниите, како што се корисниците на зоните за платите да бидат повисоки. На почетокот на мојот мандат констатирав дека платите се ниски и дека таа состојба мора да се промени. Минатата година во буџетот се книжени 3,5 милијарди денари од зоните, а државата исплатила околу 800 милиони денари. Она што го даваме како поддршка спрема компаниите во зоните се враќа значително во буџетот. Трендот на раст во зоните продолжува и очекуваме 500 нови работни места. Склучивме договори за вработување на 5000 лица во наредните 5 години. Бројот на вработени е карактеристичен и тоа што значи можам да истакнам дека половина од македонскиот извоз го генерираат овие 17 илјади вработени во зоните. Тоа што го има во зоните како технологија генерира значителен обем на активности – истакна Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Целиот разговор со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот