ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Деаноски: Носат судска пошта за тешки кривични дела за плата од само 18.300 денари

Трпе Деаноски - УПОЗ / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Во јавниот сектор има ниски плати, најголем дел имаат основана плата околу минималната, а постои и огромно генерализирање дека сите во јавниот сектор не работат, што не е точно, потенцираше претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски во разговор за „Утрински печат“.

– Има и министри кои велат дека вработени во јавен сектор замаат плата и клатат врата. Тоа е погубно да го кажуваат. Тие се тие што треба да ја организираат работата – вели Деаноски.

Тој потенцира дека во јавниот сектор има примери за многу одговорни професии, а каде платите се недостоинствени.

– Еве, како пример да го земеме судскиот доставувач. Тој ниту има униформа, ниту ознака дека е судски доставувач, носи судска пошта за тешки кривични дела, за разни прекршоци, цел ден му довикуваат, го плукаат. Работи од 9 до 17 часот, без никаква заштита од судската власт и има плата 18.300 денари – револтирано кажа Деаноски.

Тој нагласи дека почна да се работи на нов Општ колективен договор за јавниот сектор и нагласи дека е недопустливо тоа што последниот бил поттпишан уште во 2008 година.

Целото ВИДЕО – ИНТЕРВЈУ со Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот