ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Д-р Тренчева: За неколку години ќе нема педијатри во примарното здравство

Д-р Митка Тренчева / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Преполни амбуланти со болни деца, високи темепаратури, болка во грло. Несекојдневно и чудно за ова време од годината. Која е причината и зошто се јавува одговор побаравме од педијатар д-р Митка Тренчева од приватната здравствена установа Д-р „Митка Тренчева“. Докторката за Утрински печат на Слободна ТВ потврдува дека е чудно што сеуште во чекалните има многу мали пациенти, иако сме на прагот на летото. Според неа секое течење на нос, кивање или кашлање не е причина веднаш детето да се носи на лекар. Ако има покачена температура треба да се почека барем 24 часа пред да се однесе кај матичниот доктор, посебно ако станува збор за поголемо дете кое јаде и конзумира течности.

– Во овој период од годината има многу стрептококни инфекции, скоро и да заборавивме на ковидот. Многу од инфекциите со кои се соочуваат малите пациенти на дишните патишта се како резултат на стерптокока. Од 30 до 40 отсто од ангините се должат на стрептококни инфекции. Воспаление на горни дишни патишта има многу и тие се должат на овие бактерии. Но оваа состојба не е само кај нас. Во контакт со колеги од другите градови, но и од регионот состојбата е слична насекаде. Драстично се зголемени стрептококните инфекции- вели Тренчева.

Таа објаснува дека според нивното искуство станува збор за за постковид синдром.

– Паднат имунитет, затвореноста, неможноста за контакти во периодот додека траеше ковидот, но и после тоа. Сега се ослободивме се вративме во нормала, а со тоа се враќаат и стрептококи како резултат на намален имунитет- вели Тренчева.

На прашањето дали после ковидот има последици кај децата кои беа заразени, докорката вели дека сите пацинети кои имаат некакви проблеми ги испраќаат на понатамошно лекување.

-Ние само ги детектираме проблемите и тие пациенти кои имаат проблем ги испраќаме кај нашите колеги во секундарно и терциерно здравствои таму ги регистрираат. Ние ги детектираме тие проблеми односно навреме ги индификуваме и ги праќаме понатаму. Ако има висока температура прво мора да се детектира стрептококата која е честа кај децата и предизвикува многу болести од т.н. неинвазивни болести како ангина, шарлах и фарингит со висока температура, малаксаност, болки во грло и стомак- вели Тренчева.

Според неа по симптомите може лесно да се замени бактеријата со со вирус, но кај стрептококните инфекции детето не кашла- вели Тренчева.

Со стрептокока најчесто заболуваат лица од 5 до 45 години и затоа се вика болест на млада популација. Заштита не постои и се пренесува од болен на здрав. Најчесто децата се заразуваат во училиште или градинка и не постои вакцина за заштита.

– Битно е децата по три дена откако ќе почнат да земаат антибиотик доколку се потврди дека имаат инфекција може слободно да одат на училиште бидејќи бактеријата ја снемува 24 часа по земање на антибиотик- вели Тренчева.

Според неа секое кашлање и секоја висока температура не значи носење веднаш на лекар. Кај алергии никогаш нема висока температура, само кашлање и течење на нос и многу личи на настинка. Температура може да е присутна и кај вирус и кај бактерија.

– На почеток не може да се утврди дали е вирус или бактерија. Не треба веднаш на лекар. Ништо нема да с еслучи од неколку дена кашлање и течење на нос. По покачена температура треба да се почекаат барем 24 часа- вели Тренчева.

Има препорака до родителите да се симнува температурата.

-Ако е добра темературата и паѓа, ако јаде и пие не треба да се брза за лекар. Кај бебиња ако има висока температура и лоша здравствена состојба тогаш веднаш на лекар. Почнува летото и се бараат рецепти и за одење на одмор, за секој сучај. Но родителите треба да знаат дека 80 отсто од болестите кај децата се вирусни и тие не се лекуваат со антибиотици- вели Тренчева.

Во интервјуто зборувавме и за тоа дека ќе ги смена педијатрите во примарното здравство, за семејната медицина, но и за многу други прашања.

Погледнете го целото интервју на Слободна ТВ:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот