ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Благојче Атанасовски: Беа антички Македонци, а сега некои од нив се Бугари

Благојче Атанасовски - аналитичар / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Гледаме дека првенците или одговрните лица во бугарските клубови во Македонија се членови на ВМРО-ДПМНЕ и од социјалните мрежи дознаваме дека не така одамна, кога на власт беше минатиот лидер на партија, а во раководството беше и актуелниот лидер, тие се чувствувале како антички Македонци, вели политикологот Благојче Атанасовски, кој го коментира негативниот тренд во бугарско-македонските односи.

Во студиото на Утрински печат тој посочи дека бугарските клубови во Македонија се „платени со руски рубли, конвентриани во левови, со цел да се дестабилизира целиот регион.

– Во Македонија на никого не му пречат бугарски клубови, но имињата на кои им беа ставени на клубовите во Охрид и во Битола апсолутно се насочени кон предизвикување на адекватни реакции. Оттука кога ќе видите какви се изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски, на лидерот на ултра националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов, кои секогаш кога ќе излезат пред медиуми не забораваат да кажат дека Македонците се вештачка творба на Тито и на Коминтерната. Дека ние сме одродени Бугари, дека јазикот е дијактолошка форма на бугарскиот јазик и дека Македонија е бугарска, а тоа го велат од Скопје – посочи Атанасовски.

Тој смета дека во едни вакви услови е беспредметно да се разговара дали во Уставот на Македонија треба да се вметнат Бугарите, бидејќи добивме одговор на прашањето дали ова ќе биде последната пречка во нашето зачленување во ЕУ.

– Немам ништо против нашите граѓани коишто се чувствуваат како Бугари да бидат дел од Уставот, а со тоа ќе се направи и јасна дистинкција помеѓу Бугарите и Македонците. Иако сум недвосмислено за европскиот пат на Македонија, јас го критикував францускиот предлог, а сега сметам дека нема никаква смисла да се разговара за менување на Уставот – вели Атанасовски.

Тој смета дека ќе добие место на т.н. „црна листа“ која наводно се подготвува во Софија, бидејќи е оценет како „македонист“ во бугарските кругови на власта. Исто така, тој смета дека предводник на антимакедонизмот во Бугарија е претседателот Румен Радов, за кого смета дека во моментов е најмоќниот политичар во оваа земја.

Целото интервју со Благојче Атанасовски можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот